Македонија ја доби поканата за НАТО

LinkSense.mk

Премиерот Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација на Самитот на шефови и држави на НАТО, денеска на пригодна церемонија ја прими поканата за членство во Алијансата.

Поканата ја врачи генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во оваа пригода Столтенберг истакна дека поканата е резултат на исполнетите услови и НАТО стандарди, како и на историскиот договор за македонско-грчкиот прашање за името и за стратегиско партнерство.

Заев, пак, рече дека ова е историски ден за нашата земја и дека тој, владата и народот на земјата, се благодарни за одлуката на сојузници да отпочување на процесот за полноправно членство во Aлијансата.

„Тоа е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Ова е признание за работата на сите македонски политичари од независноста до денеска, признание за нашите институции и за сите политички партии. Ова е признание за сите наши граѓани, за целото граѓанско општество, и за сите останати кои трпеливо го чекаа овој ден“, посочи македонскиот премиер.

Тој подвлече дека следниот исклучително важен чекор за Македонија е организацијата на референдумот како највисок демократски израз на политичката волја на македонскиот народ и на сите граѓани во нашата земја – чин кога граѓаните на земјата треба да кажат „Да!“ за својата иднина.