Македонска делегација на Молитвен појадок кај Трамп

Вилма Трајковска, сопругата на трагично починатиот претседател Борис Трајковски, извршниот директор на Фондацијата „Борис Трајковски“, Роберт Милчев, директорите на „Алкалоид“ и „Триглав осигурување“, Живко Мукаетов и Ѓорѓе Војновиќ со сопругите, и Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог“, оваа година беа дел од 65-от Молитвен појадок во Вашингтон.

Претставниците од Македонија се меѓу 3.000 гости од 140 земји во светот.

Настанот на кој централно место завземаше американскиот претседател Доналд Трамп, а чија цел е продлабочување на меѓународните врски и меѓусебната грижа, како и маргинализирање на различностите помеѓу луѓето, традиционално се одржа во хотелот „Вашингтон Хилтон“.