Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
  • Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонскиот пасош на 47 место на листата на „најмоќни патни исправи“ во светот
Политика

Македонскиот пасош на 47 место на листата на „најмоќни патни исправи“ во светот

јануари 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Патната исправа на Република Северна Македонија е рангирана на 47 место на листата на „Хенли Паспорт Индекс“ на „најмоќни пасоши“ за 2020 година, изработена врз основа на тоа во колку држави со нив може да се патува без виза.

Според оваа класификација, со македонски пасош може слободно без виза да се патува во 123 земји ширум светот.

На врвот на листата е пасошот на Јапонија со кој без виза може да се
патува во 191 држава, а потоа следуваат патните исправи на Сингапур,
кој има безвизен режим со 190 земји, додека на делба на третото место се Јужна Кореја и Германија, чии државјани слободно може да патуваат
во 189 држави.

На листата на „најмоќни пасоши“ потоа како четврти следуваат Италија и Финска со безвизен режим во 188 земји, петти се Шпанија, Луксембург и Данска, со чии патни исправи може да се патува во 187 држави, а шести се патните исправи на Шведска и Франција со кои без визи може да се патува во 186 земји.

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Грција на делба на осмото место со безвизен режим со 184 земји, а потоа следат Словенија (11-та/безвизен режим со 180 држави), Романија (17-та/безвизен режим со 172 земји), Бугарија (18-та/безвизен режим со 171 држава), Хрватска (20-та/безвизен режим со 169 земји), Србија (39-та/безвизен режим со 133 држави), Црна Гора (46-та/безвизен режим со 124 земји), Босна и Херцеговина (52-ра/безвизен режим со 117 држави), Албанија (54-та/ безвизен режим со 114 земји), Турција (55-то/безвизен режим со 111
држави) и Косово (99-то/безвизен режим со 40 земји).

Последен на листата, како 107-ми, е пасошот на Авганистан со кој може да се патува без виза во само 26 држави, а пред него се патните исправи на Ирак (106/безвизен режим со 28 земји) и Сирија (105/ безвизен режим со 29 држави).

Авторите на листата на „Хенли Паспорт Индекс“ за 2020 година оценуваат дека слободата на патување е во силна корелација со другите видови на слободи, почнувајќи од економската, до политичка, како и индивидуална и човечка слобода.

„Постои јасна поврзаност и помеѓу визната либерализација и
слободата на инвестирање. Државите кои се високо рангирани според
слободата на инвестирање генерално имаат и помоќни пасоши“,се
заклучува во анализата.

актуелно македонски пасош
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.