Македонско „ПАРЧЕ ДУША“ издадено во Бахреин

LinkSense.mk

Меѓу оние 600 илјади што си заминаа од Македонија во последниве години, барајќи го излезот за соптвената егзистенција, е и скопјанкета Нена Макриевска, поетеса, студентка на факултетот за Човечки ресурси, која својата стипендија појде да ја заработува во Бахреин.

Во потрагата по вистинската хуманост и меѓучовечки разбирања, таа и таму, далеку на Истокот ќе го најде својот мир и спокој продолжувајќи да ја твори својата поезија.

Како значајна станица за одомор од напорната работа, но и како најзначајна нитка со мајчиниот јазик и татковина,
Макриевска продолжи своите духовни состојби да ги соопштува преку стиховите.

Макриевска во Бахреин ја издаде својата прва збирка „Парче душа“ на англиски јазик.

Од 2015 година е член на Здружението на писатели во Бахреин.

Деновиве дел од нејзините поетски творби беа претставени во италијанското електронско списание „Bombagiù“.

Од нејзината следна збирка „Записи на едно време“, за љубителите на поезијата ја издвојуваме песната „Врнело во
Скопје“ во која читателот, без многу упатства, сосема лесно ќе може да ги следи нејзините тагувања по татковината, по пријателите и родниот град…

Врнело во Скопје

Врнело во Скопјено мое
денови и ноќи.
Плаче викам по сите нас
кои заминавме кога
требаше и не требаше
распрскани по светот
како разбркани.
Кога си одев, со поздрав
реков брзо ќе помине, ќе
се вратам,
божем како задутре да ќе
биде
и три години како три дена
и како три животи
се враќам и никако да се
вратам.
И денови како камења се
трупаат на душава, еден
ден да се вратам и во
Вардар да ги фрлам,
до Егејон да испливаат
и веќе никогаш да не ги
видам
и веќе никогаш да не
заминам,
ниту јас, ниту никој друг!
Едно дрво онаму во
пустинана
дрво на животот го викаат
сум седнала го гледам
божем пред зградана моја
седам
и липа пред мене мирисна
а не пустинско дрво
и животот го чекам.
И тука е дома ама никаде
не е како дома.

Билјана Билјановска