Македонско-унгарски бизнис форум во Штип

Македонско-унгарски бизнис форум на кој ќе учествуваат компании од секторите енергетика, фармација, информатика, градежништво и туризам денеска ќе се одржи во Штип во организација на Сојузот на стопански комори (ССК).

На форумот ќе се обратат македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, и Атила Галамбос од Стопанската комора на индустрија на Унгарија.

Бизнис форумот се одржува по повод отворањето на Конзулатот на Унгарија во Штип.