Макрон освои мнозинство, но недоволно за власт

LinkSense.mk

Лош скор постигна партијата на Емануел Макрон во вториот круг од парламентарните избори во Франција.

Навистина, таа го освои мнозинството, врз основа на првите прелиминарни резултати, но со тоа нема да може да владее.

На коалицијата „Заедно“ на Макрон ќе и припаднат меѓу 205 и 235 пратенички места, од вкупно 577. За апсолутно мнозинство им беа потребни 289.

Левичарите на Меланшон освоија од 170 до 190 пратенички места.

Третопласираните републиканци од класичната десница освоија 60 до 75 пратенички места, а на „Националниот фронт“ на крајната десница му припаднаа меѓу 75 и 95 места.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)