Марин ле Пен жестоко удира по Макрон

Лидерот на француската опозиција, Марин ле Пен, со своите изјави сериозно го разниша рејтингот на актуелниот претседател Емануел Макрон, пишува „Тајмс“.

Ле Пен изнесе обвинувања против Макрон тврдејќи дека Франција падна во безредие, насилство и економско пропаѓање, а вети дека таа може и же воспостави ред во земјата.

„Сакам да го вратам националното единство и граѓанскиот мир, кои многу недостасуваат“, им рече Ле Пен во коментар на новинарите.

Да потсетиме, како што објави „Журнал де Диманш“, Ле Пен би имала големи изгледи да го освои првиот круг од претседателските избори, ако тие би се одржале денес.

Таа, како што покажува истражувањето кое го спровела фирмата „Ифоп Фидусијал“, во вториот круг би изгубила од Емануел Макрон кој би освоил 54 проценти од гласовите, додека таа би добила 46 проценти.

Заменикот генерален директор на „Ифоп“, Фредерик Даби, рече дека таквите резултати ја одразуваат силната динамика на Ле Пен, како и тешкотиите кои претседателот Макрон ги има во рамки на здравствената криза предизвикана од пандемијата.