Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026

Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“

ноември 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
  • Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“
  • Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Маричиќ: Приоритет ми се независно судство и работа без притисок
Македонија

Маричиќ: Приоритет ми се независно судство и работа без притисок

април 19, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Македонија и Србија имаат традиционално добри врски, благодарение на исклучително блиските односи што ги негуваат граѓаните на овие земји. Таа блискост е богатство што ние, политичарите, треба да го следиме и одржуваме. Двете земји имаат одлична економска соработка, а блиските односи се докажани уште еднаш, за време на пандемијата. Србија беше првата земја од која пристигнаа вакцините, а ние тоа особено го почитуваме. За нас, тоа е чин на солидарност“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, во интервју за српскиот весник „Политика“.

Маричиќ, изразува уверување дека добрите односи и понатаму ќе се развиваат, имајќи ги предвид регионалните иницијативи во кои двете земји се активно вклучени.

„Премиерот Заев и претседателот Вучиќ веќе работат на уште поголеми врски меѓу двете земји преку проектот „мини-Шенген“, а тоа е уште еден доказ за пријателството и блискоста на луѓето од двете земји“, вели Маричиќ.

За тоа како ја оценува работата на судовите во изминатиот период, Маричиќ истакнува дека првпат по години, гледа дека судовите конечно се ослободени од политички притисок и, како резултат на тоа, судат праведно.

„Граѓаните секако го гледаат тоа, и тоа е една од главните причини зошто довербата во владеењето на правото и судството постепено се враќа“, посочи македонскиот министер.

Прашан за корупцијата и пропаѓањето на Специјалното јавно обвинителство, тој нагласува дека во својот последен извештај, Европската комисија го признава добриот напредок во спроведувањето на стратегијата за реформа на судството, што се однесува на итните реформски приоритети на Прибе.

Сепак, вели, дека искоренувањето на корупцијата, како феномен со кој се соочуваат сите земји во регионот, не е брза и лесна работа и дека сме сведоци на голем број препреки на патот.

„Откако станав министер за правда, мој приоритет е независно судство и работа без притисок. Ова, се разбира, не значи дека не постојат притисоци, ниту од политичка ниту од деловна страна. Нашата Влада ги тргна рацете од судството. Судскиот совет сега спроведува модел на филтрирање на судиите. Веќе имаме 12 разрешени судии за кои се утврди дека постапувале непрофесионално, влијаеле на застареноста или заштитиле некого. Ќе се врати довербата на граѓаните во судството“, дециден е Маричиќ.

Прашан дали Министерството за правда ја искористи солидарната помош од Србија за вакцинација против корона вирусот, тој вели дека аплицирал за вакцинација, како и секој друг граѓанин и дека чекал да биде повикан кога ќе дојде ред за да се вакцинира.

„Нема привилегирани луѓе – кога ќе дојде мојот ред и ќе ме повикаат здравствените власти, ќе бидам вакциниран“, нагласува Маричиќ.

Во однос, пак, на договорот за одложување на пописот, тој во интервјуто напоменува дека секоја земја ќе се развива поуспешно и подобро доколку власта и опозицијата имаат „заеднички јазик“ барем за најважните државни прашања.

„Во овој случај, двете страни покажаа зрелост и се надевам дека опозицијата ќе се придржува до договорот. Македонија нема попис веќе 20 години и многу пати реков дека тоа ни е повеќе од потребно. Треба да докажеме дека сме способни како систем да спроведуваме масовни операции во сложени услови. За време на пандемијата организиравме предвремени парламентарни избори и убеден сум дека можеме да спроведеме и попис“, посочува Маричиќ.

актуелно Бојан Маричиќ македонија политика попис србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026

Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“

ноември 17, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.