Министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски денеска ќе извршат увид во текот на попишувањето во Казненопоправната установа К’шање, Кумановско.
Денеска почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.
Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведува до 21 април.







