„МАРКА“ ОТКРИВА: Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ

LinkSense.mk

Угледниот шпански дневен весник Марка донесува вест која би можела да одекна во светскиот фудбал.

Според наодите во текстот, Лео Меси донел дефинитивна одлука и нема да го продолжи договорот со ПСЖ, иако се што се случуваше во последните месеци навестуваше таков расплет.

Новинарот Жерар Ромеро објави дека многу работи во размислувањата на Меси се промениле после Светското првенство.

Аргентинецот со освојувањето на Мундијалот ја комплетираше колекцијата на трофеи и сега на крајот од кариерата ќе ужива во фудбалот и во средина која целосно го исполнува.

„Марка“ тврди дека освојувањето на националната титула со ПСЖ не може целосно да го исполни и затоа не би било изненадување доколку тој се врати во Барселона…