Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МВР билтен
Хроника

МВР билтен

септември 18, 2019Updated:септември 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера околу 23 часот на ул.„Јордан Мијалков“, го привеле Д.Р.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 21:30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Перо Наков“, го привеле Н.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утринава 4:20 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Трета македонска бригада“ ги лишиле од слобода А.Н.(33) и М.А.(21), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утринава во 3:30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ф.В.(19) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 22 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул. „Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешакот Н.М.(31) од Скопје, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 15 часот во атарот на село Горна Бањица, гостиварско, полициски службеници во координација со претставници од ЈП„Национални шуми“ и на Шумска полиција, ги затекнале А.И.(47), А.Ќ. (43), М.С.(47) и К.Б.(51) од селото, кои на трактор товарале огревни дрва за кои не поседувале документи. Сите четири лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција.

Вчера во 15:35 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од Скопје и мопед „сим“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(62) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Т. и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 20:30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката. М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 9:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.П.Ж.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Дренак“ била касната од куче скитник на десната нога.

Вчера во 12:45 часот на крстосница од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(23) и патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(51), и двајцата од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.И.(73), сопатник од возилото „хјундаи“, а со телесни повреди се здобиле М.Н. и С.Н.(51), сопатничка од истото возило. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 17:10 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Д.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Филип Филиповиќ“ бил каснат од куче скитник на десната рака.

билтен мвр
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026

Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело

мај 22, 2026

12 години затвор за Стојанче Јовановски – виновен е и за наведување на самоубиство на Ивана

мај 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.