МВР-билтен

На 29.11.2020 во 00:10 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е приведен Д. Т. (23) од Скопје, бидејќи при преглед кај него е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.11.2020 во 22:00 часот во Полициска станица Крива Паланка, Н.Г. (22) од Крива Паланка пријавил дека неговата мајка Д.Г.(43), на ул. „Партизанска“ во Крива Паланка, била касната од куче скитник.

На 29.11.2020 на поширокото тетовско подрачје е спроведена сообраќајна акциска контрола за престигнување, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 48 прекршоци.

При контролата санкционирани се и 64 други прекршоци.

На 28.11.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под
дејство на алкохол, при што се констатирани и законски санкционирани 11
прекршоци, од кои седум во Велес и четири во Кавадарци.