МВР-билтен

На 08.12.2020 во 12.00 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од СВР Скопје од слобода е лишен Р.В.(22) од Скопје бидејќи кај него е пронајдена марихуана. 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.12.2020 во 05.40 часот на магистралниот пат од с.Подмоље кон Охрид во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(33) од Струга, патничко моторно возило„фолксваген“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.Љ.(54) од Охрид и патничко моторно возило„рено-лагуна“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Л.(39) од с.Оровник, Охридско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., а додека со повреди се здобиле Д.Љ., И.Л. и сопатникот во патничко моторно возило„рено-лагуна“, Н.Ј.(22) од
с.Лескоец,Охридско. Сите учесници во незгодата се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ и во Општа болница Охрид, за укажување на лекарска помош.

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

На 08.12.2020 во 19:10 часот во Скопје на ул.„Радишанска“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Д.(51) удрило во пешак Б.С.(53), и двајцата од Скопје.

Со возило на итна медицинска помош Б.С. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка
Тереза“, каде му се констатирани тешки телсени повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 08.12.2020 од 09.00 до 18.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена e сообраќајна акциска контрола за престигнување, во која вкупно биле откриени и санкционирани 81 прекршок (ТЕ-33 и ГВ-48).

Најголемиот број од прекршоците–53 се однесувале на престигнување на непрегледни места (ТЕ-11 и ГВ-42).

Покрај ова, во акцијата биле констатирани и 26 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-25 и ГВ-1), најмногу управување без возачка дозвола -10,истечена регистрација-3 и така натаму.

На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.

На 08.12.2020 год. на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои вршат неправилно престигнување на други возила, при што, биле констатирани и санкционирани 17 прекршоци, од кои девет во Велес, четири во Кавадарци и четири во Неготино.

На 08.12.2020 на подрачјето на Секторот за внатрепни работи Струмица
била спроведена акциска контрола за откривање на прекршок неправилно престигнување и обиколување.

Во акциската контрола биле констатирани 125 прекршоци, од кои 21 по акциската контрола и 104 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

На 08.12.2020 во СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување на возила.

Притоа преземени биле петнаесет мерки.

Санкционирани биле и 101 останати прекршоци.