Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МВР и РСБСП во заедничка летна кампања – „Не летај, летувај“
Хроника

МВР и РСБСП во заедничка летна кампања – „Не летај, летувај“

јули 19, 2018Updated:јули 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Не летај, летувај“ е насловот на новата едукативна кампања што ќе се реализира во следните два месеци како резултат на меѓусебната соработка на Министерството за внатрешни работи и РСБСП. Цел на оваа кампања е едукација и подигнување на свеста за безбедно и одговорно патување во текот на летото и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив.

Деновите наменети за летен одмор, во Македонија и во светски рамки се познати како најфатални денови на патиштата кога бројот на сообраќајни незгоди со фатални последици драстично се зголемува. Како одговор на оваа загрижувачка појава и на црната статистика, светските организации секоја година ја реализираат кампањата „100 Deadliest Days of Summer“.

Статистиката говори дека во текот на месеците јули и август, во Македонија, минатата година се случиле 39 сообраќајни незгоди во кои загинале вкупно 47 лица, а во 826 сообраќајни незгоди потешко се повредени вкупно 1333 лица. Тоа е причина и мотив, токму во овој период, возачите и сите останати учесници во сообраќајот дополнително да се едуцираат за правилата и прописите, односно за начинот безбедно и одговорно да стигнат до посакуваната дестинација.

МВР и РСБСП се традиционални партнери во реализација на вакви и на слични сообраќајно-превентивни активности. И овој пат сме решени со заеднички сили да направиме сѐ што е во наша моќ да го намалиме бројот на сообраќајни незгоди и бројот на настрадани лица во нив. Познат факт е дека комбинацијата од превентивни и репресивни мерки дава најдобри резултати кога е во прашање безбедноста во сообраќајот – потенцираат од РСБСП.

Кампањата ќе се реализира во текот на месеците јули и август и овој период РСБСП и МВР со координирани акции ќе бидат често присутни во јавноста и на терен. Едукативните активности и едукативните материјали ќе бидат изготвени на македонски и англиски јазик и покрај домашните возачи ќе бидат опфатени и туристите, како и возачите кои транзитираат низ Македонија.

Безбедноста на сообраќајот на патиштата е врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи и согласно тоа, како министерство, во изминатиот период, посветуваме сериозно внимание на оваа проблематика. Сообраќајните контроли ги има сѐ почесто и истите ќе се интензивираат во наредниот период. Целта е поголема безбедност во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на учесниците во сообраќајот. Меѓутоа, наша цел како Министерство за внатрешни работи не е само репресија, туку и превентивно дејствување преку едукација и подигање на свеста и во таа насока заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во наредниот период ќе реализираме повеќе едукативни акции за одговорно учество во сообраќајот – потенцираат од МВР.

Ова лето ќе се реализираат бројни сообраќајно-едукативни активности, односно ќе биде организирана акција за дистрибуција на едукативни материјали на влезните гранични премини во Република Македонија, ќе биде поставено скршено возило од сообраќајни незгоди на јавни места со пораки за потсетување на последиците од сообраќајните незгоди, ќе бидат организирани мобилни пунктови за делење вода и едукативни материјали долж коридорот 8 и 10, ќе бидат организирани едукативни акции по угостителски објекти и многу други активности со цел подигање на свеста за побезбеден сообраќај.

Летото е време за одмор и релаксација, но за жал статистиката потврдува дека летниот период многу семејства остануваат без своите најблиски, односно многу животи се загубени на патиштата поради грешки или поради неодговорно учество во сообраќајот.

Пораката на РСБСП до возачите е „Ова лето, не летај – летувај!“.
МВР и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на високите температури и на техничката исправност на возилото, да возат одморени и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

кампања македонија мвр рсбсп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

Полицијата санкционираше 102 возачи за неработниот ден

октомври 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.