Меган Трејнор ја преработи легендарната „I’ll Be There For You“ (ВИДЕО)

Идејата била на продукциската куќа Ворнер брос, од каде што ја ангажирале поппејачката, која пак, како што крива за списанието „Ролинг стоун“, и самата е огромен љубител на „Пријатели“.

– Американската пејачка Меган Трејнор објави преработка на „I’ll Be There For You“ – евергринот од воведната шпица на ТВ-серијата „Пријатели“.

Новата верзија на песната е во чест на 25-годишнината од прикажувањето на првата епизода од серијата што годините потоа стана светски хит.