Медведев за Ѓоковиќ: Ноле ќе владее 400 недели!

Рускиот тенисер Данил Медведев од понеделникот е втор на светската АТП листа, а после победата во четвртфиналето на турнирот во Марсеј зборуваше за достигнувањата на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ дојде до 311 недела на врвот на АТП листата и така стана најдобриот тенисер во историјата по тој параметар, а Медведев не гледа дека Ноле во скоро време ќе го препушти водството.

Тоа е неверојатно достигнување. Во светот на тенисот повеќе зборуваме за грем слемовите отколку за што било друго, но ова е навистина многу важно и сигурен сум дека е среќен поради тоа. Како играше до сега, мислам дека е во состојба да стигне до 400 недели на врвот. Ние помладите ќе се обидеме да не му го дозволиме тоа. Јас не успеав да му наштетам во финалето на ‘Австралија опен’, но тоа е спортот. Никој нема да му дозволи лесно да помине, ќе мора добро да се потруди да го заработи и тој успех“, вели Медведев.

Рускиот тенисер е првиот натпреварувач надвор од „Големата четворка“ (Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Мареј) којшто се пласираше во Топ 2 на АТП листата уште од јули 2005 година кога втор зад Роџер Федерер беше Лејтон Хјуит.

Сите тие се неверојатни. Рекордите кои ги постигнаа, никој не ќе може да ги сруши можеби ни за сто години. Такво нешто ретко се гледа во спортот. Не можете да речете дека другите тенисери во оваа ера не беа добри, едноставно тоа што тие го преја е неверојатно, другите нема од што да се срамат“, заклучи Медведев.