Блискиот соработник на Владимир Путин, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати нова закана до властите во Киев по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.
Медведев му порача на Зеленски дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат.
„Сегашните ‘ултиматуми’ се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.
Претходно Зеленски изјави дека во моментов не е подготвен да преговара со Москва. Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече: „Тоа е мојот принцип, не разговарам со оние кои поставуваат ултиматуми“. Тој тврди дека Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.