Медлин Олбрајт се враќа во Пентагон, повторно ќе одлучува за националната безбедност

LinkSense.mk

Поранешната американска државна секретарка, осумдесет и четиригодишната Медлин Олбрајт, положи заклетва како нова претседателка а американскиот Одбор за одбранбена политика, соопшти Пентагон.

Ваквиот развој на состојбата доаѓа без малку една година откако администрацијата на Трамп ја тргна неа и низа други експерти за национална безбедност од советодавниот комитет.

Олбрајт е прва претседателка на одборот откако министерот за одбрана е Лојд Остин годинава, во април, покрена ревизија на советодавните комитети во Пентагон.

„Под водство на министерот Остин, Одделението се прилагодува на променливата природа на војување и работи на тоа да остане пред сите потенцијални противници“, се наведува во соопштението на Олбрајт.

На почетокот на февруари Остин разреши повеќе стотици членови на 42 одбори и комитети, вклучувајќи и, како што наведува Си-Ен-Ен, контроверзни членови кои се именувани во времето на Трамп.

Откако загуби на изборите во 2020 година, Трамп исфрли од одборите неколку долгогодишни членови, експерти за адворешна политика и национална безбедност, вклучувајќи ја и Олбрајт, поранешниот државен секретар Хенри Кисинџер и други.

Засега, Олбрајт е единствениот член на Одборот за политика на одбраната, се наведува на веб страницата на американското Министерство за одбрана.

Одорот за одбранбена политика е надворешна советодавна група од поранешни високи официјални лица за национална безбедност кои „на министерот и на заменикот на министерот за одбрана им даваат независни совети и мислења во врска со прашањата за одбранбена политика како одговор на специфични задачи на двајцата функционери“, се наведува на сајтот.