Мекдоналдс со нова понуда – голем вегански бургер

На задоволство на про-веганското лоби, кое бара поголем избор од, на пример – пржени компирчиња, синџирот ресторани Мекдоналдс деновиве во Германија ќе го пушти во продажба новиот вегански сендвич „Биг веган бургер“.

„Трендот без месо станува сè поголем!, нагласи Филип Вашхолц, претставник на интернационалниот конгломерат.

Новиот голем вегански бургер нема да биде достапен во Швајцарија и во Австрија.

Побарувачката и понудата на вегански производи во Германија, постојано
расте.