Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието го откажа патувањето за Вашингтон, каде што следната недела требаше да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што пренесува ББС, ваквата одлука следи еден ден откако Трамп го откри планот да изгради ѕид долж целата граница на САД со Мексико, и инсистираше тоа да го платат Мексиканците.
Републикански сенатор наведе дека американскиот Конгрес ќе продолжи со ваквиот план и дека ѕидот ќе чини 12 милијарди долари.
Енрике Пења Нието изјави дека го откажал патувањето за 31 јануари, откако Трамп побарал Мексико да го плати ѕидот.