Мелони: Украина може да смета на поддршка од новата италијанска влада

LinkSense.mk

Џорџа Мелони синоќа преку твитер вети целосна поддршка за Украина од нејзината претстојна влада.

Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста!, напиша Мелони на Твитер.

Таа, исто така, остро ја осуди Русија и изминатите постојано повторуваше дека е на страната на Кијив.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски исто така преку Твитер и честиташе на Мелони за изборната победа и ѝ се заблагодари на Италија за помошта поради руската инвазија врз Украина.