Меркел на прошталната свеченост: Не толерирајте омраза

LinkSense.mk

„Нашата демократија живее со фактот дека секаде каде што омразата и насилството
се гледаат како легитимно средство за остварување на нечии интереси, нашата
толеранција како демократи мора да има граница“, рече Меркел на прошталната
церемонија во Берлин.

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел синоќа ги повика Германците да се спротивстават на омразата.

„Нашата демократија живее со фактот дека секаде каде што омразата и насилството се гледаат како легитимно средство за остварување на нечии интереси, нашата толеранција како демократи мора да има граница“, рече Меркел на прошталната церемонија во Берлин на која присуствуваа сите членови на политичката елита, освен радикалната Алтернативи за Германија која не беше поканета.

Канцеларската функција ќе ја напушти по 16 години владеење, следната недела, кога социјалдемократот Олаф Шолц ќе положи заклетва. Таа нему и на новата влада им посака „се најдобро, среќа и многу успех“.

Свеченоста се одржа во германското Министерство за одбрана поради пандемијата на коронавирусот, а воениот оркестар отсвири три песни по свој избор во чест на канцеларката.

Првата песна беше „You Forgot the Color Film“ од 1974 година, изведена од германската пејачка Нина Хаген. Хаген, како и Меркел, порасна во Источна Германија.

Втората песна беше популарната шансона „It Shall Rain Red Roses for Me“ во изведба на германската пејачка Хилдегард Кнеф, а третата е поранешната христијанска химна „Свети Боже, го славиме твоето име“.