Меркел оди кон нов мандат

Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека ќе се кандидира за четвртиот мандат на изборите во 2017 година, а ако тоа и успее ќе се изедначи со Хелмут Кол кој држи рекорд по должината на времето проведено на местото канцелар-од 1982 до 1998 година.

После повеќемесечни шпекулации, Меркел им порача на партиските колеги во Христијанско-демократската унија во Берлин дека е подготвена да ја води партијата на изборите следната година.

angela-merkel-5

Повеќе од 55 отсто од Германците ја поддржува кандидатурата на Меркел (62) за германски канцелар, додека 39 отсто се против, покажа истражувањето на Агенцијата Емнид.

Меркел, која управува со најголемата европска економија, ужива и меѓународно почитување, за што зборува податокот дека претседателот на САД во заминување, Барак Обама, ја нарече „извонреден сојузник“.

Ангела Меркел е родена во 1954 година во хамбѕрг во семејство на евангелистички свештеник.

Одбранила докторат од областа на квантната физика, а подоцна работела како хемичар на научната академија во Источен Берлин.

angela-merkel-9

Долго за неа сметале дека е „политичка ќерка“ на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, од кого таа се огради.

До својата 36 година немала никаква врска со политиката, а во 1989 година учествувала во демократскиот преврат, во рушењето на Берлинскиот ѕид и соединувањето на Германија, после што станала портпарол на Владата.

Два месеци пред соединувањето на Германија и се придружува на Христијанско-демократската унија, а три месеци потоа станала министер за млади во владата на Хелмут Кол.

Меркел првпат е избрана за канцелар на Германија во 2005 година, а реизбрана е на изборите во 2009 и 2013 година.

Последните 16 години, таа е претседател на Христијанско-демократската унија.

Британскиот магазин „Форбс“ ја прогласи за втора најмоќна личност на светот, што никогаш не и пошло од рака на ниедна друга жена.

angela-merkel-7

Американскиот часопис „Тајм“ ја избра Меркел за личност на 2015 година.

angela-merkel-6

Тогаш првпат после 29 години оваа престижна награда е доделена на жена.