Меркел: „Пандемијата не е готова“

Германската канцеларка Ангела Меркел рече вчера дека неодамнешното подобрување што се однесува на подобрувањето на бројот на случаи заболени од корона во Германија е задоволително, но предупреди дека пандемијата не е готова.

Таа додаде и дека загрижува ризикот од индискиот вид на вирусот во Британија и наведе дека моментно околу 2,5 отсто од случаите со корона во Германија се поврзани со тој вид.

„Пред нас е летото кое донесува многу можности, но не смееме да бидеме невнимателни, мораме да продолжиме многу детално да ја следиме состојбата“, рече Меркел после состанокот со лидерите на 16 германски федерални држави.

„Ние сме во трка со вирусот кога станува збор за вакцинацијата“, наведе германската канцеларка и додаде дека е од суштинско значење максимално да се зајакне заштитата од „индискиот ковид-19“.

После бавниот старт, темпото на вакцинација во Германија е забрзано, па сега околу 47 отсто од населението прими барем една доза, а 24 проценти две.

Многу рестрикции се укинати ширум земјата во последните неколку недели откако значително падна бројот на новозаразени.