Меркел го поддржува Израел: „Имаат право на самоодбрана!“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, разговараше вчера со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ексалацијата на Блискиот исток и изрази солидарност на Германија со Израел.

Меркел рече дека Израел има право на самоодбрана и го осуди продолжението на ракетните напади на Израел, од појасот Газа, пренесе АП.

Таа истакна дека се надева оти судирите ќе завршат во најскоро време, имајќи го во предвид бројот на цивилните жртви од двете страни.

Од кабинетот на Меркел наведуваат дека германската влада ќе продолжи „одлучно да реагира против протестите во Германија, на кои се шират омраза и антисемитизам“.

Една од водечките кандидатки за наследничка на Меркел, Аналена Бербок од германските Зелени, ги осуди ракетните напади на Хамас и го поддржа правото на Израел да се брани.

Таа ги повика Германија и Европската унија да ги поддржат напорите на американскиот претседател Џо Бајден да посредува меѓу завојуваните страни.

 

(Фото: ЕПА)