Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Меркел: Уште еден месец построги мерки во Германија, особено за Велигден
СВЕТ

Меркел: Уште еден месец построги мерки во Германија, особено за Велигден

март 23, 2021Updated:март 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Германија за уште еден месец ќе ги продолжи ограничувањата и воведува некои построги мерки за време на петте дена од Велигденските празници, во обид да се запре ширењето на коронавирусот“, соопшти утринава канцеларката Ангела Меркел.

Во изјавата по маратонскиот видео-разговор со 16-те гувернери на германските покраини, Меркел кажа дека ограничувањата што беа воведени до 28 март, ќе останат на сила до 18 април.

„Ние, можеме да кажеме, имаме нова пандемија. Суштински имаме нов вирус, се разбира од ист тип, но со сосема различни карактеристики, многу посмртоносен, многу поинфективен и заразен на подолг период“, рече Меркел.

Повеќето продавници, додаде германската канцеларка, ќе бидат затворени, а верските служби ќе бидат откажани за Велигденскиот викенд, од 1 до 5 април, во рамките на засилените ограничувања воведени за да се запре ширењето на инфекцијата со Ковид-19.

Собирите, како и рестораните на отворено, ќе бидат забранети од 1 до 5 април, а само продавниците за храна можат да бидат отворени на 3 април.

Покрај тоа, голем број ограничувања што се во сила од крајот на 2020 година, како што се ограничувањето на приватните собири, затворањето на културни простории и забавни простории, се продолжени до 18 април.

„Ситуацијата е сериозна, бројот на случаи експоненцијално расте и креветите на интензивна нега се полнат“, рече канцеларката на прес-конференцијата по 12-часовните разговори со гувернерите.

Таа додаде дека станува збор за „експоненцијален раст на епидемијата“ предизвикан од британскиот вид на вирусот.

Повторно е активирана мерката за итно сопирање на активностите, што според договорот се воведува кога бројот на случаи на инфекција надминува 100 на 100.000 жители во текот на седум дена. Стапката на инфекција во Германија во моментов надмина 107,3 ​​случаи на 100.000 жители, со нови 7.700 случаи и 50 смртни случаи.

Нема да се воведе полициски час и нема да се затвораат училишта. Училишните часови веќе се прекинати од декември до февруари и многу ученици се уште не се вратиле на настава или на училиште доаѓаат секој втор ден.

Гувернерите и канцеларката, исто така, зборуваа и за зајакнување на бавно движечката кампања за вакцинација.

„Ние сме во трка вакцинацијата да ја спроведеме што е можно побрзо“, рече канцеларката.

Плашејќи се од зголемувањето на бројот на патувања во странство за време на празниците, властите воведоа и задолжителна обврска за тестирање на Ковид-19 за патниците на авиокомпаниите пред да патуваат во Германија.

Меркел напомена дека ситуацијата ќе биде подобра кога ќе се вакцинираат повеќе луѓе.

Во Германија, до овој момент со првата доза вакцинирани се само околу девет проценти од населението, а четири проценти ги примиле двете дози.

На крајот, канцеларката Меркел посочи дека ги поддржува напорите на Европската комисија да се блокира испораката на вакцини и компоненти за вакцини од ЕУ со цел да се обезбеди исполнување на претходно договорената достава до Унијата, наведувајќи ги проблемите со снабдувањето со вакцините на „Астра Зенека“.

актуелно германија затварање корона вирус Меркел мерки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.