Меси го постигна 50. гол од слободен удар

– Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна гол во натпреварот од 11. коло од Шпанското првенство против Ваљадолид. Аргентинецот погоди од слободен удар за негов јубилеен 50.погодок.

Според прес-службата на клубот, Меси во неговата кариера од слободен удар постигна 44 голови за Барселона и шест за аргентинската репрезентација.

Барселона го победи Ваљадолид со 5:1, а Меси на овој дуел постигна уште еден гол.