Меси постигна 15+ голови за Барса во текот на 15 сезони

– Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна гол на вчерашниот натпревар од Купот на Шпанија против Рајо Ваљекано (2:1).

Овој погодок беше 15-ти за Аргентинецот сезонава. Така, Меси постигна 15+ голови за Барселона во текот на 15 сезони по ред.

Покрај тоа, на вчерашниот натпревар Меси го сруши рекордот на Барселона за најмногу настапи во Купот на Шпанија.

Триесет и тригодишниот фудбалер оваа сезона одигра 17 натпревари во Ла Лига и има постигнато 11 погодоци со две асистенции.