Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МЖСПП: Да ја зачуваме биолошката разновидност и природните екосистеми за тие да не заштитат нас
Во Фокусот

МЖСПП: Да ја зачуваме биолошката разновидност и природните екосистеми за тие да не заштитат нас

јуни 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Петти јуни е Светски ден на животната средина и оваа година меѓународната заедница го посвети на заштита на биолошката разновидност повикувајќи на акција против забрзаната загуба на видовите и деградацијата на природниот свет“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Оттаму информираат дека е изготвена Националната црвена листа со податоци од извршените проценки и конзерваторски статус за сите 46 водоземци и влекачи на национално ниво и за 14-те васкуларни растенија.

Изготвено е и досие за номинација на локалитетот Длабока Река во НП Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО за старите букови шуми.

Досието, велат од Министерството, е доставено до Светскиот центар на УНЕСКО во Париз.

„Во соработка со невладиниот сектор изготвена е предлог апликација за номинација на Охридско Езеро и Студенчишко Блато на Листата на Рамсарската Конвенција. Во тек е нејзино институционално усогласување. Исто така, без оглед што се уште немаме статус на земја членка на ЕУ ние интензивно работиме на подготовката на инвентар за идентификација на идни потенцијални Натура 2000 подрачја“,  посочуваат од МЖСПП.

Токму по повод 5 Јуни, додаваат, од страна на IUCN одобрен е грант, и
во најскоро време ќе започне изработка на Студија за валоризација и
Нацрт-план за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро, како и Нацрт-план за управување со идниот Национален парк Шар Планина.

Проектот, информираат од МЖСПП, ќе биде спроведен од страна Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) во соработка со МЖСПП и УНЕП, а со учество на меѓународни и национални експерти.

„Останува сите општествени чинители на национално и локално ниво, вклучувајќи го граѓанскиот сектор, училиштата и секој поединец да преземат акција за ревитализација и заштита на природните екосистеми, бидејќи време е природа“, велат од Министерството.

Биолошката разновидност, велат оттаму, игра клучна улога во одржување на функционалноста на екосистемите со што се обезбедуваат конкретни добра и услуги од пресудно значење за човекот.

„Обезбедување здрава храна, вода, лекови и чист воздух се само некои
од основните услуги, веројатно познати на секој човек, што ги добиваме од екосистемите. Самите процеси што се одвиваат во нив имаат благотворно дејство врз човекот – го штитат од поплави, ерозија, климатски промени. На крај, нешто непроценливо што му се нуди на човештвото, а не може да постои доколку нормалното функционирање на екосистемите е нарушено од какви било фактори, е можноста да уживаме и да се рекреираме во природата. Сите промени што влијаат врз биолошка разновидност, автоматски влијаат и врз функционалноста на екосистемите, а со тоа и врз човековата благосостојба“, се вели во соопштението.

Министерството преку Секторот за природа, информираат, интензивно
работи на заштита на природата, преку заштита на биолошката и
пределската разновидност и заштита на природното наследство во
заштитени подрачја и надвор од нив, како и на заштита на природните
реткости.

„И покрај тоа што нашата држата поседува значаен геодиверзитет и
биодиверзитет кој е резултат на разновидноста на релјефот, климатските, еколошките, хидролошките и педолошките карактеристики уште поважно е да преземеме навремени акции за нивна заштита бидејќи во спротивно неконтролираните човекови активности ја нарушуваат природната рамнотежа и се директна причина за многу несакани појави“, нагласуваат од Министерството.

Биолошката разновидност во земјава се карактеризира со богатството и хетерогеност на видовите и екосистемите и високок степен на реликтност и ендемизам.

„И покрај фактот што диверзитетот на флората и фауната во нашата држава сѐ уште не е целосно проучен, сепак, според расположливите сознанија, покажува огромно богатство – над 23.019 таксони од кои 2.095 видови алги, 2.000 видови габи, 450 вида лишаи, 3.200 васкуларни растенија и 500 видови мовови, 13.379 безрбетни животни и 555 вида рбетни животни“, се наведува во соопштението.

Законот за заштита на природата, Националната Стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План (2018-2023), од МЖСПП велат дека се основните акти во чии рамки ги трасирале правците на заштитата и постигнување на поставената цел.

„И уште повеќе работиме на тоа до 2020 година, да се зголеми процентот на заштитени подрачја од сегашните околу девет до 11,5 проценти од целата територијата на државата, како и исполнување на Аичи глобалната цел 11 од Конвенцијата за заштита на биолошката разновидност да се зголеми површината на заштитени подрачја до 15 посто, да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници“, наведуваат од МЖСПП.

Таа работа резултирала со изработка на студии за валоризација на природните вредности на Шар Планина, Осоговски Планини, Преспанско Езеро, Водно и НП Пелистер.

Во тек, информираат, е изработка на Студија за Ченгино Кале на Малешевските Планини и дополнување на студијата за Студенчишко Блато.

актуелно биолошка разновидност мжспп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.