Согласно своите програмски начела, а во рамки на своите можности и во согласност со професионалните новинарски стандарди и уредувачка политика, МИА се обиде и обезбеди интервјуа со тројцата претседателски кандидати: проф. д-р Блерим Река,
проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и проф. д-р Стево Пендаровски.
Интервјуата ќе бидат објавени денеска и во следните два дена, согласно редоследот што претседателските кандидати го имаат на гласачкото ливче за првиот круг од претседателските избори 2019 година, закажани за 21 април.







