Микаела Шифрин по трет пат светска победничка во слалом

Американската скијачка Микаела Шифрин ја потврди доминацијата во слалом победувајќи денеска во Сент Мориц во рамки на Светското првенство.

Ова за неа е трет златен медал во низа по триумфите во 2013 во Шладминг и 2015 во Бивер Крик.

Воедно Шифрин имаше најдобро време од 1:37.27 минута и за 1.64 секунда беше подобра од второпласираната Венди Холденер од Швајцарија.

Брознениот медал го освои Фрида Хансдотер од Шведска.

На оваа трка стартуваше и македонската претставничка Лидија Симјановска, но не успеа да ја заврши првата трка.

Утре на последниот ден на Светското првенство во алпски дисциплни е натпреварот во машкиот слалом.