Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Дилеми повеќе нема. Зоран Милановиќ е новиот хрватски претседател. Првиот официјални резултати после обработени повеќе од 50 отсто од гласовите даваат значителна предност на Милановиќ, кој доби поддршка од 53,22 отсто од гласачите, а за Колинда Грабар-Китаровиќ гласаа 46,78 отсто.

Повеќе нема ниту теоретски шанси да се стигне предноста, затоа што до овој момент вклучени се и резултатите од Босна и Херцеговина, каде што Грабар-Китаровиќ доби повеќе гласови.