Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Милевски: Ги откриваме скриените атракции на Демир Хисар и Клос со поддршка на ЕУ
Економија

Милевски: Ги откриваме скриените атракции на Демир Хисар и Клос со поддршка на ЕУ

јануари 8, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со финансиска поддршка од ЕУ и Министерството за локална самоуправа, преку ИПА 2 Програмата за Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија преку проектот „Откривање на скриените атракции“ комплетно се реконструира стариот Кооперативен Дом во село Слоештица во Демир  Хисар,  кој ќе прерасне во Мултифункционален Центар со простор за настани, сместување, сувенирница и Спомен соба на великанот на македонскиот збор, Петре М. Андреевски, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Општина Демир Хисар во партнерство со Општина Клос од Албанија интензивно работат на откривање на своите скриени атракции пред домашните и странски туристи. Во Клос се гради  етнографски и историски музеј во кој ќе бидат трајно изложени дел од загубените артефакти од богата историја на овој регион низ кој поминувала и делница од Виа Игнација. Валавиците во Слоештица и глацијалните езера на Балѓат покрај тоа што се фантастична можност за туризам, се дел од природното богатство на двете општини на чија промоција исто така работи проектот во вредност од  455.000 евра во рамките на ИПА 2 програмата и финансиска поддршка од петнаесет проценти на Министерството, појасни министерот Милевски.

Според него и двата микро-региони освојуваат со своите природни и културни атракции кои се недопрени и се уште неоткриени од туристите кои патуваат заради нови локални искуства и авантури во природа, а локалното население од двете страни на границата е интензивно е вклучено во креирањето на нови туристички атракции како офф роуд авантури, планинарење низ нови предели, јавање коњи, велосипедизам, готвење на заборавени локални специјалитети, собирање шумски плодови и подготовка на зимница во село заедно со тамошните жители.

Во моментов, инфраструктурните зафати се во полн ек а проектниот работи на План за менаџирање на прекуграничната дестинација Демир Хисар – Клос, градејќи една авантуристичка дестинација во две земји. Со проектот ќе бидат креирани  две патувања, тестирани за нивната атрактивност по што ќе бидат понудени на европскиот пазар за авантуристички туризам.

– Нашите најголеми атракции се недопрените села и автентичноста на луѓето. Со поддршка на ЕУ и Министерството за локална самоуправа за првпат имаме шанса за двоен успех а тоа е истовремено да го промовираме регионот пред потенцијалните туристи и да го вклучиме локалното население во бизнис активности поврзани со туризмот. Особено сум горд на изградбата на Мултифункционален центар во Слоештица, родното место на Петре М. Андреевски  каде ќе биде поместена и спомен соба во негова чест, рече градоначалникот на Демир Хисар, Марјан Стојановски.

Организациите Арт Поинт Гумно од Слоештица и ФЛАГ од Тирана, кои се партнери на проектот, работат со локалното население од двете земји за да ги оправдаат очекувањата на туристите во руралните места но и го подигнат квалитетот на сместувањето и активностите кои луѓето ги нудат.

– Целта на прекуграничната програма е зближување на луѓето од двете страни на границата, креирање на релации и активности за решавање на заеднички проблеми. Овој проект „Откривање на скриените атракции“ навистина ја погодува оваа цел бидејќи луѓето и од Демирхисарско и од Клос се жедни за знаење како својот начин на живот да го презентираат пред туристите од урбаните центри и како да им понудат несекојдневна авантура во недопрените рурални предели. Нашата задача понатаму треба да биде фокусирана на оспособување на локалното население активно да се занимава со рурален туризам со што директно ќе придонесеме кон нови работни места и задржување на младите во регионот, вели менаџерката на проектот, Емилиа Ѓероска.

актуелно атракции демир хисар ЕУ клос милевски откриени поддршка скриени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.