Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
  • Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“
  • Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Милијардите на Тупурковски, Груевски и на Заев
Коментар

Милијардите на Тупурковски, Груевски и на Заев

јуни 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првата милијарда долари инвестиции за побрз развој на Македонија ја соопшти 1998 година тогаш популарниот и омилен политичар и лидер на ДА Васил Тупурковски. Беше тоа вистински шок кој ја подели јавноста на тие што веруваа и не веруваа. Инвестицискиот план предвидуваше  изградба на над 1000 станови, фарми и преработувачки капацитети, поволни кредити, голем број нови работни места. Импозантниот македонски њу дил, стана голема тема и волшебна формула за  збогум сиромаштиjо.

Милијардата на Циле, како што со иронија и со исмевање беше нарекувана, претставуваше фантастичен износ, повеќе од половина од буџетот на тогашната државна каса која требаше да стаса безмалку како бакшиш од Тајван по шокантното признавање на државноста на оваа земја,  што предизвика голема вознемиреност не само во политичките кругови. Тоа според многу предупредувања од државниот врв и лично од претседателот на државата  Киро Глигоров  означуваше дека ќе уследи студено сервирана „кинеска одмазда“ на една светска велесила Кина, екстремно чувствителна на секое признавање на Тајван. И ден денес Тупурковски и неговите тогашни блиски соработници се убедени дека таа тајванска инвестиција целосно ќе беше остварена и многукратно унапредена не само од Тајван, туку и од Америка и повеќе други земји. Како ќе се однесуваше Кина, можеме само да претпоставуваме бидејќи договорот со Тајван пропадна и Македонија ги обнови односите со Кина. Тупурковски во меѓувреме се соочи со многу непријатности поради поволните тајвански кредити.

Заразната примамливост на ветувања од милијарди евра

Подоцна, примамливоста на „милијардата на Циле“ ја презедоа сите партиски лидери и сите премиери, влади и политички партии во своите предизборни програми и кампањи. Висината на вложувањата за експресен развој на Македонија на хартија вртоглаво растеше пред секои избори.

Од една милијарда долари, Никола Груевски на неколку пати ја покачуваше сумата, за во проектот од 2009 – 2016 година да стаса до осум милијарди евра- повеќе пари од тригодишни тогашни буџети на државата. Се нудеа како на аукција кој ќе даде повеќе пари за обнова на Македонија. Се изнаслушавме приказни за светски инвестициски рај, за прваци на планетата во бизнис клима. Летаа инвестициски балони над владата, реклами во Фајненшл тајмс и на Си-Ен-Ен. Така растеа Потемкиновите села во фантазиите на луѓето како автостради, брзи пруги, станови за сиромашните, рудници, брани, електрични централи, гасификација, водоводи и канализации, беспрекорно чиста човекова околина за да на крајот се стаса до пловен Вардар до Солун и Црното Море преку Морава и Дунав.

Од сите страни доаѓаа ветувања за стотици милиони евра од големи странски инвеститори како Субрата Рој, Карлос Слим, Дојче Банк, неповратни донации од Америка, ЕУ… Многу малку од сето тоа беше остварено. Главно успесите се сведоа на лажен барок и рококо обвиткан во гипс картон од задоцнет неоромантизам во 21 век и со подигање на десетици антички споменици со големо кредитно задолжување на најсиромашната европска држава за повеќе милијарди евра. Но, затоа пак тоа беше исплатлива партиска и лидерска инвестиција на Груевски за неколкукратно освојување на изборите.

Маршаловиот план на Заев

И премиерот Зоран Заев деновиве најави осум милијарди евра инвестиции во владиниот проект 2021 – 2027 година.

Повторно одекнаа фанфарите за изградба на нови фабрики, патишта, автостради, брзи пруги, гасни централи, фотоволтаици, големи брани и езера на Вардар, на Црна Река и на другите водотеци кои во наредните години треба да ја преобразат македонската економија, да отворат нови работни места и да го зголемат домашниот бруто производ. Новиот Маршалов план станува Заев план.

И тоа не е се. Има и некои иновации како на пример, давање на зимскиот центар Попова Шапка под концесија од 99 години на позната европска компанија, изградба на дистрибутивен центар на Лидл во Скопје и отворање повеќе маркети на овој познат малопродажен синџир, 30 нови инвестиции во економските зони. За таа цел до 2027 година ќе се инвестираат над осум, а зошто да не и над 10  милијарди евра, најави пред македонската јавност премиерот Заев претставувајќи го планот за инвестиции 2021-2027 година. Повеќе од половината, или над 4,2 милијарди евра, како што кажа Заев, се странски инвестиции или грантови од Европската унија преку инвестицискиот план за развој на Западниот Балкан, додека околу 3,8 милијарди евра ќе бидат домашни, државни средства.

„За ефикасна реализација на интервентниот план за инвестиции ќе се формира посебна единица за следење на инвестициите“, рече Заев додавајќи дека уделот на државата во овој проект  е усогласен со фискалната стратегија и со другите документи. Зборувајќи за определбата на државата кон чиста енергија, Заев рече дека граѓаните треба да знаат дека тоа ќе чини пари, но додаде дека ќе се изработат програми со кои ќе се помогнат социјално ранливите категории граѓани. Како појдовна основа послужил европскиот инвестициски план со кој околу 9 милијарди евра се наменети за земјите од Западен Балкан, од кои околу 900 милиони евра за нашата земја.

Како и во претходните големи инвестициски проекти на зборови и на хартија сето ова е убаво да се чуе и да се пушти мозокот на пасење што би било кога би било. Меѓутоа, овојпат реакциите на јавноста и на политичките противници се двонасочни. Првата е оправданата искуствена недоверба дека сето ова е список на желби кои во период од неполни шест години се неостварливи,  дури и кога би биле обезбедени баснословните осум милијарди долари. Едноставно Македонија не може да апсорбира таков силен инвестициски циклус и за толку кусо време да надомести се што е испуштено со децении.

А, што правиме ако се оствари?

Втората реакција, која се манифестира за првпат откако големите инвестиции се во функција на  изборни ветувања оди во крајности со предупредување на опасноста што ако навистина се оствари сето ова што го најавува премиерот Заев.

Се поставува прашањето дали не е на повидок распродажбата на природните богатства на Македонија како што се планините, шумите,  реките, потоците, земјоделското земјиште, рудните богатства, водата, воздухот, идентитетот, историјата, јазикот и се што може да се продаде за да се доврши трагичната приватизација од деведесеттите години на минатиот век, кога со независноста е создадена македонската олигархија. Оттогаш почнува и брзото богатење на мал број луѓе и уште побрзото осиромашување на голем број граѓани со речиси целосно исчезнување на средната класа, која треба да биде носител на развојот.

Ако се отстранат радикалните и екстремни крајности, најреалната проценка би била дека пред нас имаме уште еден мегаломански неостварлив проект во најголем дел. Шест години ќе летнат како сиви галеби, а во Македонија со најоптимистичка прогноза прашање е дали ќе се реализира барем една половина од она што се ветуваше во изминатите 30 години самостојност.

Во оваа година, кога одбележуваме сто години од раѓањето на нашиот сенароден мислител, научник и поет Блаже Конески би било најкорисно Македонија да се сврти кон неговото предупредување дека најисплатливата инвестиција е во образованието. Само образованите и компетентни луѓе можат да најдат излез и од најголемите тешкотии. Малите држави кои немаат големи природни богатства својата иднина треба да ја бараат во образованието, демократијата и владеење на правото. Само тогаш судбината не е иднина, туку сами си ја создаваме и градиме.

Се разбира, тоа не значи дека не треба да се имаат визии и стратегии за побрзиот сестран развој на државата и за подобар и поквалитетен живот на граѓаните, да не се спроведуваат реформите и да се запостават националните и државните  интереси за влез во Европската унија со популистички закани дека ќе се поништат договорите со соседите кога „ние ќе дојдеме на власт“. Реалните научно издржани стратегии се вистинскиот ринг за политичкиот, интелектуалниот и деловниот натпревар, а не само во предизборните проекти и партиски програми. Во нив веќе никој здраворазумен не верува.

Eрол Ризаов
извор: ДВ

груевски ерол ризаов Заев милијарди Тупурковски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

Во ВИ Финска „Гугл“ ќе вложи најмалку 13 милијарди евра

септември 10, 2026

ЗНМ за заканите упатени кон Ризаов: Загрижува што дел од коментарите содржат повици за негово физичко елиминирање и смрт

август 10, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.