Милијарди се слеаја во касата на Албанија

Албанија меѓу јануари и септември оваа година од туризам заработила 1,161 милијарди евра или 15 отсто повеќе отколку во истиот период лани.

Овогодинешните приходи, според податоците на Централна банка, се најголеми што некогаш остварени во Албанија.

Приходите од туризмот во третиот квартал, од јули до септември, во екот на туристичката сезона, достигнале 521 милион евра и за 25 отсто се поголеми отколку во истиот минатогодишен период.

Албанија располага со 450 километри долг брег на Јадранското и Јонското море.

albania-plaza-2