Минатата недела санкционирани 179 непрописно паркирани возила во општина Центар

– Во Скопје минатата недела биле санционирани 179 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Со „Пајак“ биле отстранети 73 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ биле санкционирани 106 возила. Возилата биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– ЈП ПОЦ и Општина Центар, во соработка со сообраќајната полиција, континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, велат од општината.