Минеаполис го отфрли предлогот за замена на градската полиција

LinkSense.mk

Гласачите во американскиот град Минеаполис го отфрлија предлогот за замена на градската полиција со нов оддел за јавна безбедност, јави Би-Би-Си.

Одлуката доаѓа шест месеци откако бел полициски офицер од Минеаполис беше осуден за убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд. Снименото убиство на Флојд доведе до неколкудневни немири во градот и повици за „дефинансирање на полицијата“.

За разлика од полицијата, која одговара пред градоначалникот, одделот за јавна безбедност би бил заеднички надгледуван од градоначалникот и 13-члениот градски совет. Планот предвидуваше професионалци за ментално здравје да бидат испраќани за повеќето ненасилни злосторства, но полицајците сè уште би биле достапни доколку треба да се изврши апсење.

Овој потег го заговараа конгресменката од Минеаполис, Илхан Омар и јавниот обвинител Кит Елис, кој го водеше случајот против убиецот на Џорџ Флојд, поранешниот припадник на полицијата, Дерек Шовин.

Градоначалникот и неговиот колега демократ Џејкоб Фреј се спротивставија на предлогот, а девојката на Флојд Кортни Рос изјави за Минеаполис Трибјун дека не е сигурна дали мерката може да спречи некој друг да биде убиен како во случајот на Флојд. – Кога би можела да одговорам со „да“ на тоа прашање, би ве повикала да гласате за предлогот, но не знам, рече Рос.