Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска

LinkSense.mk

Министерството за правда соопшти дека е формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст.

„Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни.

Министерството за правда ќе направи се за да ги заштити слободата на изразување и на говор кои се неприкосновени права во секое демократско општество, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

 

МИА