Мирна ноќ за дежурните екипи во Клиничкиот центар

Во ургентните центри и ковид центрите во Клиничкиот центар новогодишната ноќ поминала мирно. Споредено со минатите години имало помалку приеми. Десетина прегледи имало во Ургентниот хирушки центар и десетина на Клиниката за токсикологија.

Ова, според министерот за здравство Венко Филипче, е показател дека граѓаните ги почитувале препораките.

„Десетина прегледи и приеми во Ургентниот хируршки центар, што споредено со 30 до 40 изминатите години е многу помалку. Десетина приеми и на Клиниката за токсикологија што на еден начин е ургентен интернистички центар, исто така многу помалку споредбено со тиесетина случаи кои биле примани изминатите години. Тоа значи дека навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирања и тоа е една голема заслуга и на граѓаните“, рече Филипче во изјава за медиумите пред
Ургентниот центар во Скопје.

Во ковид центрите, посочи тој, во континуитет изминатите повеќе од една недела, скоро идентичен број на слободни кревети–стотина на интерните клиники, само три приеми вчера и значајна бројка триесетина слободни кревети на Инфективната клиника, што, според него, значи дека и овој тренд на прилично еднаков прием и број на исписи во ковид центрите, е знак за стабилна епидемиолошка ситуација.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ информира дека на Клиниката вкупно се хоспитализирани 122 пациента, од кои стотина се со тешка клиничка слика, околу 12 на неинвазивна вентилација, ма најголем дел од нив се на поддршка со висока концентрација на кислород.

„Ова е најниска бројка, многу одамна не сме ја имале. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи“, рече Стевановиќ.

Доктор Дејан Доќич информира дека во ковид центрите на инфективните клиники вчеравечер имало само три приеми и немало починати. Вкупно, како што посочи, има 104 празни кревети од вкупен капацитет од 220 кревети. Ниеден од нив нема потреба од неинвазивна вентилација или респиратор