Мистериозна габа извор на нова пандемија?!

Микроб за кој научниците стравуваат дека може да биде извор на следна пандемија може да предизвика инфекции на крвниот систем, посебно кај пациентите кои имаат потреба од интубирање и катетери.

По прв пат смртоносната болничка супер габакоја е отпорна на постоечките антифунгални лекови е откриена надвор од болницата. Се работи за габата Кандида аурус, која мистериозно се појави болниците пред нешто повеќе од една деценија, а сега е откриена на плажа ма изолиран тропски остров, пишува „Сајнс Алерт“ (Science Alert).

Вистинска загатка е прашањето од каде оваа габа се појави таму“, вели д-р. Артуро Касадевал, шеф на Одделот за молекуларна микробиологија и имунологија во Училиштето за јавно здравје во Балтимор.

Откривањето на оваа габа објавено е во медицинското списание „мБио“, а научниците и лекарите се надеваат дека ова рано откривање може да помогне во спречувањето и контролата на нејзиното ширење.

Габата Кандидиа аурус за прв пат е откриена во 2009 година, кај пациент во Јапонија. Не пројде многу време, а таа се прошири низ светот. Овој микроб може да предизвика инфекции во крвниот систем, предупредува американскиот Центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ).

Тешко е да се лечат инфекции од оваа габа затоа што таа е отпорна на многу постоечки антифунгални лекови, а притоа и се задржува на површините.

Кога еднаш оваа габа ќе влезе во болница, тоа станува ноќна мора“, предупредува Касадевал, а ЦДЦ, Кандида аурус, пред две години ја прогласи за голема закана за јавното здравје.

Оваа габа никогаш порано не е пронајдена во природата, а Касадевал и неговите колеги велат дека претпоставувале дека порастот на температурата како последица од климатските промени влијаело на тоа Кандида аурус да се адаптира на повеќе температури во природата, што и овозможило да премине и во човековиот организам чија телесна температура за повеќето габи е превисока за да преживеат.

Поттикната од таа хипотеза, главната авторка на студијата, д-р. Анурада Човдари, микролог од Универзитетот во Делхи, со колегите ги анализирала видовите земја и вода од осум локации на Андаманските острови, архипелаг меѓу Индија и Мјанмар.

На две од осумте локации била пронајдена Кандида аурис. Првата била солено мочуриште во кое човечка нога никогаш не стапнала, а втората е плажа, каде што често има луѓе.

Кандида аурис најдена на плажата беше отпорна на повеќе лекови и повеќе е поврзана со видовите кои веќе сме ги виделе во болницата, во споредба со габата од мочуриштето“, вели оваа на Човдари.

Не е точно докажано од каде ова габа дошла на овие подрачја. Постои можност да ја донеле луѓе или да стигнала со океанските струи.

Меѓутоа, она што е сигурно е дека ова ги поттикнало научниците да бараат Кандида аурис на други места во природата и да ја споредуваат со болничкиот вид.

Ако се утврди дека габата стигнала од природата и дека глобалното затоплување имало влијание на преминот на оваа габа на човекот, тоа ќе биде причина за голема загриженост дека исто ќе се случи и со бројните други организми, предупредуваат научниците.

Ако нашата претпоставка се покаже како вистина, мораме да почнеме да мапираме такви организми за да не не изненадат на начин како што не изненади корона вирусот“, заклучува Каседевал.