Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицковски: Ќе има победа над црнилата
Во Фокусот

Мицковски: Ќе има победа над црнилата

декември 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ме прашуваат што е среќата? Koгa сме задоволни, сигурни, кога семејството е обезбедено, децата имаат иднина, државата е средена. Кога сте почитувани, a вашата работа вреднувана. Кога можете да добиете правда, а институциите работат и ви служат вам. Среќа е кога ова што го кажав станува реалност, но реалноста покажува дека токму ова се работите кои недостасуваат. А годините поминуваат. Крајот на годината е одличен момент да се средат мислите и впечатоците.

Во годината што измина паметам црно и мачно време. Нема подобар живот, економијата не расте, нема инвестиции, здравство и образование се пред колапс. Наместо тоа, афери, скандали, руинирано и клекнато судство, притисоци. Сакаат да станеме апатични поради колективната несреќа која ја донесоа. Да се навикнеме на тешкиот живот, да ја нарушат самодовербата, да го скршат карактерот, за да може полесно се да им минува. Очигледно не си ги познаваат граѓаните доволно, ги потценуваат.

Кога ми беше најтешко во годината што помина? Кога го менуваа името, посегнаа по идентитетот. Длабока рана оставија.

Во новата година потребно е да погледнеме во очите на луѓето, за да допреме до нивните срца. Да видиме што ги мачи и да се обидеме да им ги решиме проблемите. Да видиме што ги прави среќни и да им ја засилиме нивната среќа. Едноставно е, и како принцип, и како филозофија и како труд.

Ама треба работа. Треба да се засукаат ракавите, да се жртвува слободното време, да се намалат удобствата на политичарите за да се зголемат удобствата на граѓаните.

Потребна е нова визија, во која промената треба да биде основниот двигател. Не оди веќе вака. Секој од нас треба да се запраша дали имаме уште 30 години за тапкање во место? Дали сакаме нашите деца да ги трпат искушенијата кои ние ги трпевме? Затоа промената треба  да започне од секој од нас, така ќе ја промениме и сегашноста, и ќе обезбедиме подобра иднина. Ви гарантирам. Драги пријатели, бидете промената која сакате да ја остварите.

А, каква ќе биде годината што следува? Ќе има победа над црнилата. Искрата е веќе запалена. А сите заедно ќе ја донесеме зората. Силно ќе светне ден. Ова ќе биде година на одлуки, но и година на промени. Среќата е можна и таа ќе дојде. Свитканата кичма не е нашиот ген, ние исправени ќе се соочиме со предизвиците и ќе победиме. Нова генерација, која ќе донесе нов импулс, ново време и заедничка среќа.

Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите останати, имаме исти проблеми, но и заеднички сон за подобра иднина. Македонија ќе оди во Европа, но европеизацијата мора да тргне преку однесувањето и промената на принципите дома и веднаш. Македонија ќе биде економски успешна, затоа што народот е домаќински, работлив, вреден, и народот ќе се избори за убаво и светло секојдневие.

Што посакувам? Успеси! Се разбира. Посакувам Македонија да успее! Посакувам новата година да ви биде бериќетна, со добро здравје и семејна среќа. Посакувам исполнување на желбите и бидете свои, единствени, со крената глава.

Нека изгрее зората која ќе донесе ново утро, нова надеж и подобри времиња за сите граѓани на Македонија!

актуелно мицковски обраќање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.