Мицкоски: Институциите итно да се мобилизираат за справување со пожарот во Тетово

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски апелира за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово.

Тој на својот фејсбук профил напиша дека ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.

„Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа, наведува Мицкоски.