Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека можниот датум за преговори за Македонија за влез во Европската Унија идната година, значи катастрофа.
„Зоран Заев во неколку наврати ни потврди дека се што ќе каже ќе излаже. Ова значи катастрофа за граѓаните на Република Македонија. Не само што ги распродаде државните и националните интереси, не само што го потпиша и се обиде да се ратификува ова капитулантско дело, сега гледаме дека бенефитот не е никаков.
„Цело време се обидуваше да ги манипулира чувствата на граѓаните и нивната свест. Ќе се обидат да создадат димна завес, невозможното да ви го прикажат за возможно, ќе се обидат да ни продаваат дека сега мед и млеко ќе почне да тече во државата, нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владата и Заев немаат ниту план, ниту визија како понатаму.
„Ова сега што се случи е уште еден дебакл на нашата дипломатија и најмалку што треба да се случи во овој момент е министерот за надворешни работи да си поднесе неотповиклива оставка, вели Мицкоски.







