Мицкоски повика на брзи избори

LinkSense.mk

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција повика на брзи избори бидејќи, според него, на Македонија во моментот потребна ѝ е стабилна Влада за надминување со кризите кои нѐ очекуваат во иднина.

-Народот јасно кажа дека не верува во тоа дека оваа Влада може да се справи со овие последици. Со тоа, не само што легитимитетот е доведен во прашање, туку и под прашање е и мотивацијата на оваа Влада да се справи со овие проблеми. Сметаме дека прва опција е формирањето на ново парламентарно мнозиство, но нема да даде нова енергија потребна за реформите. Новата иднина која ќе ја градиме и решавање на овие наталожени проблеми. Тоа само ќе не внесе во нови разговори, преговори, понуди и слично кои ќе го разводенат капацитетот за управување на институциите и ќе се креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите коишто штотуку завршија.

Затоа, во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање, брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат црста и стабилна Влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која оваа корумпирана Влада ја втурна, рече Мицкоски.

Според него, потребни се брзи избори за кои нема да има алтернатива зашто потребна е стабилна Влада за надминување на кризите со кои Македонија ќе се соочи.

-Изборите се светлото од крајот на тунелот и патот на промените кои само тогаш ќе бидат целосни. Брзите избори ќе треба да обезбедат Влада која ќе спроведува политики, која ќе решава проблеми и ќе ја донесат новата иднина во која веруваме и за која се бориме, рече Мицкоски, додавајќи дека задачата на новата Влада ќе биде релаксирање на односите во општеството.