Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Предложивме три термини, 23 и 30 август, како и 13 септември – приоритет останува здравјето на граѓаните
Македонија

Мицкоски: Предложивме три термини, 23 и 30 август, како и 13 септември – приоритет останува здравјето на граѓаните

мај 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ВМРО-ДПМНЕ на денешната лидерска средба во вила Водно предложила три термини за одржување на предвремените парламентарни избори: 23 и 30 август, како и 13 септември. Овие термини, како што изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски по средбата, не се фиксни, туку зависат од состојбата – најоптимален би бил оној кога би била и најмала опасноста од коронавирусот по здравјето на граѓаните.

Мицкоски изрази надеж дека нема да има, како што нагласи, едностран акт на насилство од неколку партии во однос на одредувањето датум заизбори. Очекува постигнување консензус со што ќе се потврди дека на партиите им се најбитни граѓаните, а не политичкиот интерес. Да ја напуштиме политичката логика и да се повикаме на логиката на граѓаните, на државноста и да го следиме развојот на панедмијата, порача Мицкоски.

Тој се пожали на извештајот од Комисијата за заразни болести која, рече, доставила многу бледо, некомплетно и нецелисходно соопштение во кое се наведени веќе постоечките заштитни мерки и препораки, а во неа има и член кој е кандидат на СДСМ за пратеник.

Истакна и дека на лидерската средба претседателот на СДСМ Зоран Заев поставил ултиматум, а тоа е нешто под кое ВМРО-ДПМНЕ, напомена, не работи, ниту носи одлуки. Од трите предлози, потенцира Мицкоски, остануваат оние кога здравјето на граѓаните ќе биде најмалку во опасност.

– Цениме дека кон крајот на август и почетокот на септември вирусот ќе има најмал интензитет и тогаш здравјето на граѓаните ќе биде најмалку доведено во опасност.

Дадовме предлог датуми, но велиме дека од овој момент натаму ќе ја набљудуваме состојбата и врз основа на неа ќе се произнесеме, напомена Мицкоски, додавајќи дека е многу битно да биде обезбедена и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Мицкоски уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ има единствен приортет – заштита на здравјето на граѓаните.

-Поразговаравме отворено за сето она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го антиципиравме, пред нас ги имавме извештаите кои морам да признаам ме разочараа, а тоа се извештајот од Комисијата за заразни болести каде што во четири точки отприлика беше пренесена сето она кое што го имаме во минатото слушнато, уредбите, растојание од еден и пол до два метри како препорака, да носиме маски, да носиме ракавици, да ги миеме рацете. Прилично неочекувано за мене иако да бидам искрен очекував дека ќе бидат малку подетални, ќе бидат малку повеќе отворени во писанието бидејќи тоа што ни го напишаа дента претходно го слушнавме
од неколку политичари од власт и од самиот господин Заев. Тука беше и дописот кој што го имаше ДИК доставено до претседателот Пендаровски каде што беше антиципиран можниот роковник на предвремените избори. Ако се собере многу лесно се доаѓа до бројката од 35 до 50 дена.

И конечно на крај го имавме одговорот на писмото на одговорните од ОБСЕ/ОДИХР кои што велат вака накратко кажано, кажете ни дата ние ќе ви кажеме во колкав обем и колкава мисија можеме да испорачаме, посочи Мицкоски.

Според него, август или септември се најоптимални рокови и за да и се остави време на Владата „да се размавне“’, да ги спроведе економските мерки како оние што беа соопштени вчера.

– Да и дадеме можност на Владата да се размавне и ние како опозиција да ја поддржиме, да ги подготвиме протоколите и да ги заштитиме граѓаните, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски информира и дека на лидерската средба имало многу правни дилеми кои биле елаборирани.

-Се родија многу нови правни дилеми кои што луѓето кои што беа присутни на денешната средба ги eлаборираа, она кое што исто така сакам да го кажам е ВМРО-ДПМНЕ ја постави дилемата за повторно ажурирање на дијаспората и можноста за гласање бидејќи се ускратува уставно загарантираното право на лицата кои што во меѓувреме од последниот пат до денеска навршиле 18 години да бидат ажурирани и да можат да гласаат, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ го ставила на маса и повторното ажурирање на списокот за гласањето на дијаспората со оглед дека досега некои од избирачите навршиле 18 години.

– ВМРО-ДПМНЕ ја постави дилемата за повторно ажурирање на дијаспората и можноста за гласање бидејќи се ускратува уставно загарантираното право на лицата кои што во меѓувреме од последниот пат до денеска навршиле 18 години да бидат ажурирани и да можат да гласаат, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски пред изјавата им се извини на граѓаните што на лидерската средба наместо за мерки за превенција се зборувало за избори кои би го ставиле, како што рече, во опасност здравјето на луѓето.

актуелно датум избори мицкоски терини
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.