Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ доставила 65 амандмани за законот за СЈО
Во Фокусот

Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ доставила 65 амандмани за законот за СЈО

март 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Шеесет и пет амандмани доставила ВМРОДПМНЕ до Министерството за правда за законот за јавното обвинителство, со кој се регулира и статусот на СЈО, преговорите
продолжуваат, а на процесот треба да се му се даде шанса.

Ова го истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во ТВ дуелот кој вечерва се одржува на Канал 5 меѓу него и премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Заев и Мицкоски вечерва на ТВ дуелот ги спротивставија ставовите во однос на законот за јавно обвинителство и двајцата изразувајќи желба да се постигне компромис, но сепак имаат различни мислења како СЈО треба да продолжи да работи.

ВМРО-ДПМНЕ бара СЈО да стане оддел кој ќе се занимава со висока корупција во рамки на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, додека СДСМ смета дека тоа треба да остане посебно обвинителство во рамки на јавнообвинителскиот систем, кое ќе одговара пред државниот јавен обвинител.

Мицкоски одговарајќи на прашање на новинарот на Канал 5 истакна дека денеска неговата партија и до Министерството за правда и до меѓународната заедница доставиле 65 амандмани, откако Министерството претходно ги прифати принципите што го побара ВМРО-ДПМНЕ – правда за секого и сите, меѓународни правила и прописи инкорпорирани со сето значење и почитување на човековите права согласно принципите на Судот во Стразбур, ЕК и Венецијанската комисија.

„Овој закон за јавното обвинителство не подразбира постоење на СЈО како автономно, туку негово инкорпорирање во Јавното обвинителство.

Ако досега ова СЈО биде инкорпорирано во ЈО и му бидат оставени истите ингеренции не сме ја постигнале целта, имаме еден орган со права и без обврски. Имаме сиромашен буџет, ајде да го споиме со Обвинителството на гонење на криминал и корупција и да имаме еден оддел, кој ќе биде оддел за висока корупција, истакна Мицкоски во првиот дел од ТВ дуелот, кој е посветен на правната држава и реформите.

Заев изрази оптимизам дека ќе се постигне договор и нагласи дека не се откажува од иднината на Република Северна Македонија, напоменувајќи дека овој закон е еден од условите за отворање на преговорите со ЕУ.

„Дијалогот продолжува, верувам дека законот треба да го донесеме сите заедно со консензус, бидејќи тој е дел сериозната реформа на правосудството. Дали ќе продложи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја блокираат Република Северна Македонија заштитуваќји го криминалот или конечно ќе бидат конструктивни во овој процес, бидејќи се работи за СЈО и иднината на јавнообвинителскиот процес. Дали ќе се блокираат преговорите со ЕУ на сметка на заштита на криминалците?, истакна Заев.

ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна Мицкоски, бара формирање комисија за да истражи како досега се потрошени 15 милиони евра наменети за СЈО, бидејќи имале индиции дека некои од нив не биле законски трошени. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да штити криминалци.

Заев истакна дека ако ВМРО-ДПМНЕ се за влез на земјата во ЕУ и НАТО треба да го поддржи процесот и нагласи дека амандманите ќе ги разгледа. Посочи дека до емисијата не бил информиран дека се поднесени и секој амандман кој во себе не крие заштита на криминал и доколку го подобрува законот ќе биде прифатен. Разговорите, како што рече Заев, продолжуваат и со осуммината пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, но и со Беса и Алијансата на Албанците со цел да се постигне консензус за овој важен закон.

Мицкоски во врска со средбата за осумтемина пратеници рече дека се сретнале да се презентираат нивните принципи за законот за јавно обвинителство и на тој начин практично сакал да бидат запознаени со сето тоа. Тој потврдно одговори на прашањето дали овие лица кои беа членови на опозициската партија би ги вратил назад.

актуелно дебата Заев мицковски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.