Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицотакис: Ако не се задоволат грчките позиции, нема отворање ни затворање на поглавјата за членство во ЕУ
Македонија

Мицотакис: Ако не се задоволат грчките позиции, нема отворање ни затворање на поглавјата за членство во ЕУ

февруари 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ќе го искористам секое правно и дипломатско средство за да ги ублажам негативните последици од Преспа, ќе го искористам правото на вето во отворањата на поглавјата за интеграција на Скопје во ЕУ, а доколку не се задоволат грчките позиции, поглавјата ниту ќе се отворат, ниту ќе се затворат, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис говорејќи на партиски настан во грчкиот град Ламиа, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека за него, прашањето не е затворено, иако веќе постојат работи што се „негативни и завршени, но националните обиди не запираат“.

„Ќе го искористам секое правно и дипломатско средство за ублажување на негативните последици од Преспа. И не го испуштам правото на вето за секое поглавје што ќе се однесува на интеграција на Скопје во Европската унија. За земјата да влезе во Европската унија постојат 35 поглавја, за кои е потребно одобрение, на почеток за да се отворат и на крај за да се затворат. Овие 35 поглавја мора да се завршат за да оди напред европската интеграција на Скопје. Тие ниту ќе се отворат, ниту ќе се затворат, ако претходно не се задоволат позициите на Грција, порача Мицотакис и истакна дека Нова демократија го направила она што било нејзина должност.

Лидерот на Нова демократија уште еднаш повтори дека „штетниот Договор од Преспа“ признава македонски јазик и македонски идентитет за соседите, но и „му дава можност на Скопје да монополизира“ , бидејќи во договорот, „грчката Македонија е наречена северниот регион на првата страна“.

 „Наспроти тоа, за македонскиот народ се одредува држава и култура. Така, за жал се отвораат раните на иредентизмот, но и многу проблеми што имаме пред нас: трговските ознаки за производите од Северна Грција, стотици бизниси, што денес го користат терминот Македонија во нивните производи, се незаштитени. Што ќе се случи со нашите учебници? Очигледно е дека договорот во пракса отстапува идентитет и јазик на народ, само тој да се нарекува македонски и одредува држава, само таа, да биде населена од Македонци. Дури и формалниот термин „Северна Македонија“ ќе се отстрани, бидејќи никаде не се спомнува барем „северномакедонски“ народ или барем „северномакедонски“ јазик и култура, објасни Мицотакис говорејќи пред членовите на Нова демократија во грчкиот град Ламиа, пренесе МИА.

Мицоткаис повторно го обвини Ципрас дека дал согласност онаму каде што не се согласиле претходните грчки премиери и дека ваков договор можело да постои уште во Букурешт во 2008, но тогаш Караманлис и Бакојани рекле „не“.

„Не знам каква замена направи и го отстапи најсилното дипломатско оружје на земјата, односно одобрување на влез на Скопје во НАТО. Не ги слушна гласовите од сите краеви на земјата на големите протести. Ниту обрна внимание на 70 отсто од Грците кои не се согласуваат со овој договор. Наспроти тоа, Ципрас инсистира да ги навредува Грците, ве навредува сите вас, сите вас кои не се согласувате со договорот, ве нарекува екстремни десничари и националисти, рече Мицотакис.

актуелно грчки позиции задоволни Мицотакис поглавја
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.