Мишел: ЕУ и САД мораат заеднички да работат на зачувувањето на глобалната безбедност

LinkSense.mk

– Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Европската унија и САД мораат да работат заедно на зачувувањето на глобалната безбедност, демократија и стабилност, пренесуваат британските медиуми.

-Тоа што го гледаме е дека вредностите на демократијата и владеењето на правото се повторно под притисок, има внатрешни и надворешни закани, и повеќе од кога било порано, САД и ЕУ имаат одговорност за генерациите што доаѓаат, рече Мишел на прес-конференцијата по видео- конференција на Европскиот совет, на која кратко му се придружи и американскиот претседател Џо Бајден, пренесуваат британските медиуми.