Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мораториумите за градење и законските прописи ја намалија високоградбата
Економија

Мораториумите за градење и законските прописи ја намалија високоградбата

јули 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градежништвото се стабилизира, во наредниот период ќе се развива, но во делот на високоградбата и понатаму бележи пад како резултат на намалениот обем на издавање градежни дозволи, претежно поради мораториумот во дел од општините,
законските прописи и обесхрабрените инвеститори од ланските лоши резултати во секторот, оценува Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија.

„Лошата клима во градежништвото во 2018 година си ја зеде својата цена така што градежните компании се помалку се охрабруваат да влезат во  поголема инвестиција увидувајќи на колку пречки наидовме во 2018 година и од институциуинален и оперативен аспект. Се надеваме дека со побрзо завршување на мораториумите би се охрабриле и општинските работници и инвеститорите повторно да влезат во циклус на инвестиции“, рече денеска на прес-конференција Андреа Серафимовски, претседател
на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија.

Во сила се мораториумите за градење во општините Центар, Карпош и Охрид, а како што вели Серафимовски, многу тешко се издават одобренија и во Аеродором иако состојбата се подобрила во последните три месеци.

„Остануваме на ставот како Здружение дека процесот е премногу  инертен и нетранспарентен и дека ова води кон се поголеми штети на градежните компании. Останувме и на тоа дека треба да се гради плански, урбано, но сепак е процес кој почна во 2017 година, а не е завршен во 2019 година и можете сами да го оцените“, рече Серафимовски.

Мораториумите за градење, оцени, ги изместиле и вредностите за цената на становите.

„Доколку немаше мораториум наша прогноза беше дека цените на добрите станови секаде ќе се зголемеа на лошите станови без оглед кадесе наоѓаа. Сепак со мораториумите за градба осбено за становите во Скопје се изместија вредностите. Не знаеме што да очекуваме, ќе имаме прогноза кога ќе завршат мораториумите“, рече Серафимовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според Регистарот на цени и закупнини, во првиот квартал се продени 687 станови, непродадени се 5.340 станови, а во тек е градба на 11.322 објекти. Бројот на празни станови, кој се движи меѓу 5.000 и 6.000, е непроменет во последните пет години, а варира кај новоизградените кои, потенцираше Серафимовски, се продаваат секогаш и се бара стан повеќе.

Оптимизот за развој на градежништвото, Здружението го темели на податоците од првите два квартала споредено со истиот период од минанана година.

„Податоците не охрабруваат и сметаме дека со помош на донесување добри законски прописи, со продолжување на трендот на објавување јавни набавки по применливи критериуми за градежниците, оваа година би го нормализирале градежниот пазар. Очекуваме дека лошите времиња за градежништвото се зад нас“, наведе Серафимовски.

Во првите четири месеци годинава се издадени 977 одобренија за градење, за 18,3 проценти повеќе во однос на истиот период лани кога имало 826. Кај високоградбата има намалување за 7,5 проценти, а кај нискоградбата за 28 проценти.

Предвидената вредност на објектите  изнесува 13,6 милиони денари и бележи поарст од 7.,9 проценти во однос на истиот период лани.

Вредноста на објектите кај високоградбата е намалена за 29 проценти, а кај нискоградбата е зголемена за 19 проценти.

Номиналната вредност на вкупно договроените работи од јануари до април годинава изнесува 46,8 милиони денари, односно раст за 34,34 проценти.

Во првиот квартал годинава споредено со истиот период од 2018 година  има пораст од 415 проценти на вредноста на договорените градежни работи во странство.

Лани немало воопшто договорена работа, а сега има договор за голем инфраструктурен објект во Босна и Херцеговина.

Истовремено извршените работи во странство бележат пад од 81 процент.

Заклучно со мај годинава реализирани се 13,74 проценти од предвидените расходи по капитални инвестици.

Преку Јавното  претпријатие за државни патишта во првите шест месеци од годинава се реализирани 4,43 милијарди денари, за 38,37 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

законските прописи Мораториумите за градење намалена високоградба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.