Викендов во Хамбург се одржа најголемиот европски градски настан за мотоцикли „Денови на Харли“.
На површина од 40.000 квадратни метри на Мајнстрит, кај Гросмаркт, пазарот на големо, се собраа илјадници моторџии од целиот свет, сопственици на култниот бренд од Милвоки, „Харли Давидсон“.
Во кампот можеше да се купи се што е поврзано со „Харли“.
Спектакуларната привлечност во „селото Харли“, како што стоеше на напишано на таблата на влезот во кампот, беше “ѕидот на смртта”. Во огромниот дрвен сад професионални возачи се вртеа во кругови.
Во саботата неколкуте илјади моторцикли продефилираа низ улиците на Хамбург.
И бидејќи вакви настани би биле незамисливи ако на нив нема хард рок, организаторите се погрижија и за тој момент. Хард рок фановите уживаа во концертот на еден од најуспешните нови хард рок бендови во Германија, Нови рози.










